-->
-->
Силен земјотрес го погоди источниот дел на Турција
-->
Силен земјотрес, според првичните информации со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, утрово нешто пред 10 часот ја погоди источна Турција, недалеку од градот Баскил.
Земјотресот се случи на длабочина од 9 километри, а обемот на овој потрес се уште не е познат.
Граѓаните преку ЕМСЦ известуваат дека потресот силно бил почувствуван.
Силен земјотрес е почувствуван во источна Анадолија, југоисточна Анадолија и централна Анадолија. Земјотресот бил почувствуван во Дијарбакир и Елазиг. Неколку корисници контактирале од Сирија, наведувајќи дека и тие на 300 километри го почувствувале земјотресот.
Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикана материјална штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија