Свет
6. January 2019 - 9:30

Силен земјотрес го погоди Бразил во близина на границата со Перу

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени вчера го погоди западниот дел на Бразил, во близина на границата со Перу.

За сега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на потресот е регистриран на околу 90 километри западно од местото Тараука.

Не се очекува земјотресот да предизвика поголема штета со оглед на тоа што бил регистриран на длабочина од 575 километри.