Сијарто: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се единствена гаранција за патот кон европската интеграција
Прво сакам да се заблагодарам на поканата од моите двајца пријатели, двајцата Никола- Груевски и Поповски, двајца извонредни политичари за кои од искуство можам да кажам дека прават се што тие можат за својата татковина и затоа вие со право можете да се гордеете со нив, истакна Петерс Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија на вечерашниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Штип.
-Чест ми е што можам да бидам тука и да ви се обратам на овој собир на ВМРО-ДПМНЕ. Ние Унгарците, Македонија ја сметаме за прекрсна земја, а македонскиот народот за прекрасен народ. Македонија и Македонците навистина заслужуваат почит, но за жал во изминатите години бројни ликови од меѓународниот политички живот не покажаа почит кон Макеоднија и народот. Имаше такви кои отворено и такви кои скрено се обидуваа да се вмешаат во вашите работи. Сакам да ви нагласам дека ние Унгарците сметаме дека аа иднината на Македонија може да одлучувате само вие Македонците, истакна Сијарто.
Во изминатите години, додаде тој, многумина се обидоа да се вмешаат и во работите на Унгарија. -Имаше такви кои отворено, и други кои затворено за така наречени невладини организации се обидуваа да ја детерминираат нашата татковина и да ја сметаат за ништотна вољата на унгарскиот народ, но ние Унгарците како народ сме вистински борци за слободата и не попуштивме пред притисоците. Ви предлагам ниту вие да не попуштите на обидите на надворешно мешање. Застанете зад своето и бидете горди на досега постигнатото.
-Македонците веќе во 4 последователни прилики му дадоа доверба на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. На демократски избори дадената воља на граѓаните никој нема право да ја доведува во прашање. Ние сметаме дека Груевски и неговите досегашни влади сработија неверојатно голема количина на работа во интерес на европската и евроатлантската интеграција на Македонија. Доколку меѓународните политички одлуки навистина се базираа на заслуги и се донесуваа врз база на здравиот разум Македонија веќе пред години требаше да биде примена во НАТО и одамна требаше да бидат почнати пристапните преговори кон ЕУ. Но, верувам дека сработеното и вложените напори ќе вродат со плод.
Немојте, подвлече тој, да скршнете од патот кон европската интеграција, а за тоа единствена гаранција се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
-Покажете ја силата на Македонија со тоа што и по 5-ти пат ќе се изјасните дека патот на Македонија европскиот пат. Македонија и лани докажа дека Европа може да смета на неа и покрај притисокот на политиката и западните либерални медиуми, вие со надчовечки напори се зазедовте во интерес на одбраната на Европа од опасниот бран на имигранти. За ова имате голема благодарност. Ве уверувам дека Македонија и во иднина може да смета на поддршката на Унгарија. Искрено се надевам дека утрото на 12 декември ќе можам да ја продолжам работата со моите пријатели двајцата Никола.
Ново на Сител
-

ЦУК: Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни
-

Ѓорѓиевски: Со пуштање на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај
-

Ѓорѓиевски: Наскоро тендер за целосно сервисирање на жичницата, остранувањето на дивоградбите продолжува
-

Оперативна акција Global Chain за сузбивање на трговија со луѓе: Откриени три кривични дела и 49 прекршоци во нашата држава
-

Трамп: Или ќе биде постигнат договор со Иран или САД ќе ја довршат работата
-

Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари
-

Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето
