Живот
7. May 2017 - 11:05

Сигал: Имам црн појас и црна листа

Американскиот актер и мајстор по боречки вештини Стивен Сигал иронично реагираше на забраната за влез на територијата на Украина.

- Покрај црн појас, сега имам и црна листа, изјави Сигал.

Службата за безбедност на Украина му забрани на актерот, кој има руско државјанство, влез во земјата на пет години поради безбедносни закани и го стави на црна листа.

Сигал (65) е државјанин на Русија од ноември 2016 година. Тој неколку пати јавно ја поддржа анексијата на Крим од страна на Русија.

Актерот тврди дека има руско и монголско потекло.