„Сиераневада“ во официјалната програма на Канскиот фестивал

Филмскиот проект „Сиераневада’’ во режија на Кристи Пуиу на 12 мај во 15:30 часот ќе биде премиерно прикажан во салата Лимиер во официјалната програма на годинашниот Кански филмски фестивал.
„Сиераневада’’ е копродукција меѓу Романија, Франција, Хрватска, Македонија и БиХ. Македонија учествува со малцински финансиски удел, а ко-продуцент е Лабина Митевска од продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски.
Како што соопштија Агенцијата за филм на Република Македонија и продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски, пред премиерата на филмот, ќе се одржи прес-конференција на која ќе присуствува и дел од македонската екипа. По премиерата, во организација на сите земји копродуценти ќе следува коктел забава во еден од најексклузивните клубови во Кан - SILENCIO.
Покрај официјалната премиера, на 11 мај ќе има и две проекции на „Сиераневада“ за новинари, во 19 и 21 часот, а на 13 мај во 13:45 часот е проекцијата за пошироката јавност. Најавени се и три прикажувања на маркетот на Канскиот филмски фестивал на 13 16 и 18 мај.
Во интерес на соодветна промоција на овој значаен успех, Агенцијата за филм во соработка со продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски обезбеди рекламни објави во престижните списанија Variety на 12 мај и Screen International на 13 мај.
Како секоја година, Агенцијата за филм ќе биде дел од павилјонот на земјите од Југоисточна Европа и ќе се преставува на филмскиот маркет кој се одржува во рамките на Канскиот филмски фестивал. Во текот на овие денови, Агенцијата ќе ја промовира македонската кинематографија со најновата филмска продукција, Македонија како дестинација за снимање филмови каде што со правото на поврат на средства од 20 отсто треба да се привлечат странските продукции, можностите за копродукција, промоција на македонските филмски фестивали и други проекти од областа на филмската дејност.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
