СИЕР против евентуални промени на условите за остварување старосна пензија

Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР), по повод, како што велат, шпекулациите во врска со промени во Законот за пензиско-инвалидско осигурување, повика за проблемите во Фондот на ПИО да се изнајдат посоодветни и поодржливи решенија отколку што е продолжувањето на работниот век, а пензиите, како тековни, така и идни, редовно да се исплатуваат.
Во соопштението на СИЕР се наведува дека, синдикатот е апсолутно против какво било промени на условите за остварување старосна пензија за работниците во Македонија, а особено за работниците во индустриските дејности, енергетиката и рударството, за кои и сегашните услови се тешки.
Од СЕИР предупредуваат дека какво било понатамошно влошување на условите од постојната регулатива е апсолутно неприфатливо и неиздржливо.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
