Балкан
10. December 2015 - 16:49

Си пресуди откако ја закла сопругата: Убиецот се самоуби во затвор

Небојша Павловиќ (61), осомничен за убиството на сопругата Милица на семејната слава на 16 ноември е пронајден мртво во затворот во Крушевац.

За сега не е позната причината за смртта, но ќе се знае по обдукцијата.

Убиството се случи во текот на славата на 16 ноември околу 15.30 часот пред братот на Милица и нејзината снаа кои дошле кај неа на гости,

-Ручекот беше при крај, Милица се пошегува со еден гостин и тргна да ги мие садовите. Небојша беше пијан, нешто промрмори и наеднаш тргна по неа. Следниот момент слушнавме вресок од кујната и се стрчавме. Милица со крвави раце се држеше за вратот и се гушеше, а Небојша во рацете се уште го држеше ножот и се тетеравеше покрај влезот, рече еден од гостите на славата кај Павловиќи.

Foto: Kurir

Милица почина на пат до амбулантата, а пред страотната смрт несреќната жена со години трпела насилство од сопругот, за што водела и дневник. Случајот е пријавен во полиција во 2013 година, но Милица не го дочека сослушувањето.