Си: Кина е на иста линија со Сеул за Корејскиот Полуостров

Кина е „на иста линија“ со Сеул за Корејскиот Полуостров, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со шефот на Јужнокорејската национална канцеларија за безбедност Чунг Еуи-џонг во Пекинг.
Си посочи дека се надева на добар корејски самит и ги поддржа разговорите планирани помеѓу Северна Кореја и САД.
Чунг е во посета на Кина. Тој во неделата се врати од САД, каде го предаде писмото со понуда за дијалог на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со американскиот претседател Доналд Трамп за нуклеарната програма на Пјонгјанг.
Севернокорејските медиуми до денеска немаат објавено ништо за планираната средба помеѓу Ким и Трамп.
Севернокорејскиот весник „Родонг синмун“ објави само кус текст за минатонеделната посета на високите јужнокорејски претставници, без да ги спомне плановите за американско-севернокорејски самит.
Отсуството на потврда од Пјонгјанг предизвика скептицизам дали Ким сериозно размислува да се откаже од нуклеарното оружје.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
