Си-Ен-Ен Турк: Исчезнаа 42 воени хеликоптери

Најмалку 42 хеликоптери на турската војска исчезнаа пред или за време на неуспешниот обид за пуч во Турција, тврди новинар на турската телевизија Се-Ен-Ен Турк.
Репортерот на телевизија Сердар Тунчер на својот Твитер профил напиша дека пописот на воената опрема, кој бил спроведен по неуспешниот државен удар, покажал дека недостасуваат 42 хеликоптери, што наведува на загриженост дека би можело да дојде до нов обид за соборување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од власт.
- Изгледа дека пучистите ќе пробаат нешто ново. Можат ли да успеат? Не! Но дали ќе пробаат?, праша Тунчер.
При обидот за пуч во Турција во ноќта меѓу петокот и саботата загинаа најмалку 265 лица, додека 2.000 се повредени, од кои поголемиот број се цивили кои излегоа на улица по повикот на Ердоган со цел да го спречат државниот удар.
Ново на Сител
-

Изгубил свест додека се капел, Македонец спасен од давење во Неи Пори | ФОТО
-

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово, изречени се 114 санкции, приведени се седум лица
-

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед
-

Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз, фокус на модернизацијата на Армијата
-

Николоски: Силен раст од 23 отсто во карго железничкиот превоз, ја пуштаме и линијата Миладиновци-Драчево
-

Шест лица загинаа во судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, меѓу патниците можеби бил и Оливер Три
-

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија и дополнителна поддршка за Украина
-

Ормуската Теснина ќе биде отворена по потпишувањето на договорот меѓу САД и Иран
