Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е подготвена да ја признае руската контрола врз Крим како дел од предлогот за ставање крај на војната во Украина, јави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани функционери.
Предлогот вклучува и воспоставување прекин на огнот долж сегашните линии на фронтот.
Неименуван функционер за Си-Ен-Ен изјавил дека планот им бил претставен на европските и украинските претставници кои се состанале во четвртокот во Париз.
Мировната рамка беше спомната и во телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Делови од тој план треба да се финализираат и САД планираат да работат со Европа и Украина на ова следната недела во Лондон, рекол неименуваниот извор.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори