Си: Белорусија е вистински пријател на Кина
Претседателот на Кина, Си Џинпинг на денешната средба во Пекинг со белорускиот колега Александар Лукашенко изјави дека двете земји се прави пријатели и добри партнери, кои меѓусебно се однесуваат со искреност и доверба.
Си посочи дека Кина е подготвена да соработува со Белорусија на промоција на постојан развој на билатералните односи и заемно корисна соработка во мултилатерални рамки како што се Обединети нации и Шангајската организација за соработка и заедно да се спротивстават на хегемонијата и малтретирањето и да со зачуваат меѓународниот поредок заснован на правото.
Лукашенко на својата 15 посета на Кина се заблагодари на Пекинг за силната поддршка и помош за неговата земја и вети унапредување на соработката.
Минск бара помош од Пекинг за трансформирање и модернизација на својата индустрија, а минатата година официјално стана земја-партнер на БРИКС и членка на Шангајската организација за соработка.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот