-->
-->
Шведска светски првак во хокеј на мраз
-->
Хокеарската репрезентација на Шведска е нов светски шампион откако синоќа во Келн, Германија, по подобро изведување пенали ја победи Канада со 3:1.
Виктор Хедман во финишот на втората третина и донесе водество на Шведска, а Рајан О’Рајли во првите минути од третиот период изедначи на 1:1, резултат со кој завршија основните 60 минути како и продолжението. Во пенал-серијата Швеѓаните два пати беа прецизни, Канаѓаните не погодија ниту еднаш и не успеаја да го одбранат светскиот трон.
За Шведска ова беше јубилејна 10. титула, додека Канада остана на 26 трофеи од Мундијалите.
Во натпреварот за 3. место Русија ја победи Финска со 5:3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација