Шведска и Чешка сметаат дека Северна Македонија треба веднаш да ги почне преговорите за членство со ЕУ
Приоритет на Стокхолм и Прага за време на нивното претседавање со Европската унија ќе биде Западен Балкан и напредок на земјите од регионот во реформите насочени кон почитување на европските вредности, најавија денеска министрите за надворешни работи на Шведска и Чешка, Ан Линде и Јакуб Кулханек.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Чешка ќе претседава со ЕУ од јули 2022 година, по што во јануари 2023 година претседателството ќе го преземе Шведска.
– Би сакал да слушнам ветување на Самитот ЕУ-Западен Балкан за време на чешкото претседателство, да чуеме ветување за конкретен датум за, да речеме, Србија, Албанија и Северна Македонија да се приклучат кон ЕУ, изјави Кулханек на заедничката прес-конференција со Линде.
Шефицата на шведската дипломатија нагласи дека сe зависи од напредокот во реформите кои мора да бидат насочени кон почитување на европските вредности во тие земји.
– Балканот е од најголема важност. Албанија и Северна Македонија ги исполнија условите за почеток на преговорите и тие треба да започнат веднаш, изјави Линде.
Министерот Кулханек потсети дека ЕУ долги години им ветува на земјите од Западен Балкан европска перспектива, а не е во состојба да ги исполни тие ветувања.
– Процесот на проширување ќе потрае со години, но неопходно е да се испрати сигнал дека сметаме на тие земји. Од тоа ќе имаат корист не само земјите од Западен Балкан, туку и целата ЕУ. Тоа би помогнало, на пример, на ефикасното справување со илегалната миграција, изјави чешкиот министер за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија