Шведска е најиновативната земја во ЕУ, Романија најмалку

Годишната евалуација на Европската комисија за состојбата со иновативноста во земјите членки на ЕУ покажува подобрување на перформансите речиси секаде и покрај истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, со Шведска како водечка земја.
Европската Унија ги надминува САД втора година по ред, но сѐ уште е далеку од иновативните гиганти како Јужна Кореа и Јапонија, констатира анализата на Европската Комисија.
Евалуацијата се фокусира на инвестициите во истражување и развој што ги прават земјите членки како и степенот на интеграција на иновативноста во јавните политики. За Брисел, овој сектор ќе биде уште повеќе клучен во периодот на економска криза пост-ковид.
Извештајот покажува подобрување на овие политики во сите 27 земји на ЕУ, како и сѐ поголем степен на изедначување помеѓу нив. Шведска останува лидер по иновации во Унијата, следуваат Финска, Данска и Холандија. А годинава за прв пат им се придружуваат Луксембург и Португалија.
Во просек иновативниот перформанс на земјите членки е зголемен за 8,9 отсто, со најголемо подобрување во Литванија, Малта, Португалија и Грција. Најслаби резултати покажуваат Романија, Бугарија и Хрватска.
Гледано по сектор, Шведска е најсилна во човечки ресурси, Португалија во мали и средни претпријатија, Данска води за животната средина, а Германија за инвестиции во фирми.
На глобалната сцена ЕУ води пред САД, Кина, Бразил, Русија, Јужна Африка и Индија, но сѐ уште не може да ги стигне Јужна Кореа, Австралија и Јапонија.
Ново на Сител
-

Денес нестабилно време со дожд и грмежи
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
