-->
-->
Швајнштајгер добар за Јуве
-->
Бастијан Швајнштајгер го договорил личните услови за трансфер во Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Германија, оваа сезона нема да добие шанса во првиот тим на Манчестер Јунајтед, откако менаџерот Жозе Мурињо му соопшти дека нема да му требаат неговите услуги и го испрати да тренира со втората екипа.
Јунајтед поради ова е подготвен дури и без обесштетување да го ослободи Швајнштајгер, бидејќи доколку Германецот реши да остане на „Олд Трафорд“ и во наредните две години, тогаш ќе мора да му исплати околу 17 милиони евра.
Според италијанските медиуми, Јувентус ја користи опцијата да го добие бесплатно Швајнштајгер, нудејќи му во истовреме годишна плата од четири милиони евра.
Истите извори наведоа дека двете страни се договориле и дека само се чека Манчестер Јунајтед да го одобри трансферот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста