Швајцарско село бара жители и нуди 21.500 евра по лице

Швајцарското село Албинен ја обнови понудата: „Бараме жители и нудиме 21.500 евра по лице“ (Фото: Euronews)
Жителите на швајцарското село Албинен, во кантонот Вале, одлучува за новата политика со која на странци ќе им понудат пари да дојдат и барем десет години да живеат во селото.
Се работи за сума од околу 70.000 франци за четиричлено семејство.
Малото село во кое моментално живеат 240 жители, е едно од многуте во Швајцарија, кои последните години доживуваат големо иселување на жителите.
Иако во селото постојат бројни викендички, жителите, посебно младите семејства, си заминуваат.
Само во последната година селото го напуштиле три семејства со вкупно 8 деца, па локалната власт била принудена да го затвори селското училиште.
Жителите на селото бараат од локалната власт да направи нешто за во селото да се врати животот, но и за да се обезбеди иднината и опстанокот на селото.
Планот на локалниот Совет е на семејства или поединци, странци, кои ќе се одлучат да купат или изградат куќа во Албинен, да им подарат по 25.000 франци (21.500 евра) за секое возрасно лице во семејството и дополнителни 10.000 франци по дете.
Четиричлено семејство, според тој предлог, би добило бонус од 70.000 швајцарски франци.
Но, постојат и услови кои треба да се исполнат. Возрасните мора да бидат помлади од 45 години и да прифатат да живеат во селото најмалку 10 години.
При купување или изградба на куќа треба да вложат најмалку 200.000 франци и недвижнината мора да биде постојан дом, а не викендичка.
Албинен е село кое се наоѓа на 1.300 метри надморска висина, со поглед на долината Рона.
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
