Швајцарските глечери изгубија 10 oтсто волумен за две години
Глечерите во Швајцарија ја претрпеа својата втора најлоша стапка на топење оваа година, по рекордните загуби во 2022 година, намалувајќи го нивниот вкупен волумен за 10 проценти во изминатите две години, соопшти мониторинг телото ГЛАМОС.
Топењето на глечерите во Швајцарија за време на третото најтопло лето во земјата досега значи дека тие изгубиле мраз за две години колку и во трите децении пред 1990 година, според извештајот, во кој загубите во обемот на глечерите се опишани како „катастрофални“.
„Оваа година беше многу проблематична за глечерите бидејќи имаше многу малку снег во зима, а летото беше многу топло“, изјави за „Ројтерс“, Матијас Хус, шеф на Глечер Мониторинг Швајцарија (ГЛАМОС).
„Комбинацијата на овие два фактори е најлошото што може да им се случи на глечерите“, додаде тој.
Повеќе од половина од глечерите на Алпите се во Швајцарија, каде температурите се зголемуваат за околу двапати од глобалниот просек поради климатските промени.
Годинава намалените зимски врнежи од снег во комбинација со раниот почеток и доцниот крај на летната сезона на топење предизвикаа големи загуби, објави ГЛАМОС.
Во август, месецот на најголемото топење, швајцарската метеоролошка служба соопшти дека висината на која врнежите замрзнуваат во текот на ноќта достигнала нов рекорд – 5.289 метри. Ова е надморска височина поголема од Мон Блан, највисокиот врв на Алпите и Европа. Ова го надмина минатогодишниот рекорд од 5184 метри.
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор