-->
-->
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-->
Шумски пожар избувна во текот на ноќта во областа Партенон во општина Ситониа на вториот крак на Халкидики, а од рано утрово, засилените противпожарни служби од копно и воздух се справуваат со огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина.
Според локалните медиуми, пожарот не претставува закана за населените места и е ограничен.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека, утрово се зголеми бројот на противпожарните сили и вкупно интервенираат 105 пожарникари со седум пешадиски тимови, 28 возила, три авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација
-
Теренска вакцинација
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024