Фудбал
26. February 2018 - 11:09

Што ти е добар тренер, Милан се подобар....

Продолжува серијата добри резултати за Милан по доаѓањето на тренерската фунција на Џенаро Гатузо. Росонерите викендов ја прегазија и Рома и тоа среде рим со што ја остварија и 5. победа на последните 6 средби.

Овојпат  “росонерите” славеа со 2-0. Тоа е трет првенствен натпревар по ред на кој Милан не прима гол, а победи благодарение на головите на Кутроне во 48. и Калабрија во 74. минута.

Милан го победи директниот конкурент за 6. позиција на табелата и сега заостанува 6 бодови зад Рома.