Loading Video...
Македонија
29. January 2020 - 14:38

Што се случува во Сити Мол?

Голем дел од вработените  при евакуацијата објектот на Сити Мол го  напуштиле без своите јакни и сопствени предмети.  Пред малку беа повикани на влезовите за да можат да се облечат во соодветна облека. 

Дел од нив беа принудени да седат во дуќаните во трговскиот центар кој се наоѓа веднаш до Сити Мол.

Како што дознава Сител, пожар имало во Бургер Кинг на  вториот спрат во Сити мол,  станува збор за најверојатно заборавена фритеза при евакуацијата, противпожарната екипа интервенирала за брзо време и пожарот бил изгаснат, нема никаква материјална штета.