Балкан
27. јуни 2016 - 13:39

Што се случува три месеци по бруталното убиство со гробот на Јелена

 
Никој не го посетува гробот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. Три месеци по бруталното убиство, споменикот за ѕвездата на Гранд е обраснат во трева и трње.
 
Зоран Марјановиќ го постави споменикот пред повеќе од три недели, а во таа прилика лееше и солзи. Сега по речиси еден месец, го остави споменикот на сопругата обраснат во трева и трње.
 
И на гробот на Јелена каде постојано имаше свежи букети цвеќиња веќе никој не остава ништо. И таму има треви од топлото време, за кои никој не се грижи.
 
Јелена беше убиена пред три месеци, а сеуште нема ни трага ни глас од убиецот.