-->
-->
Што му запеа српскиот министер на Путин: Дачиќ го фати микрофонот и отпеа две познати песни
-->

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ во текот на свечениот ручек со Владимир Путин испеал две руски песни - Каљинка и Рјабинушка.
Шефот на српската дипломатија е позат по тоа дека на многу собири присутните ги забавува со песна, а во оваа пригода пееше на руски. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ приреди свечен ручек во чест на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, на кој присуствуваа околу 100 гости.
Покрај највисоките официјални лица на двете земји, министри и други членови на делегацијата, на свечениот ручек присуствуваа и неколку угледни јавни личности како режисерот Емир Кустурица, актерот Милош Биковиќ и други.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе присуствува на Комисијата за човекови права закажана по барање на родителите на загинатите во Кочани
-

Стартува пленарната расправа за буџетот за следната година
-

Преку онлајн иницијатива СДСМ ќе се бори против отворање на мигрантски кампови во Македонија
-

Врнежите ја пролонгираа есенската сеидба
-

Со растечката примена на вештачката интелигенција мора да постои регулатива
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
