Македонија
3. July 2017 - 14:01

Штипското село Криви Дол доби квалитетна вода за пиење

Штипското село Криви Дол е приклучено на водоводниот систем на Исар. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев на прес-конференцијата рече дека селото кое досега се снабдувало со вода од сопстени бунари или одамна изградени системи и каде достапноста до чиста вода за пиење била проблем, веќе нема да се соочува со проблеми.

- До секоја куќа во селото има пивка вода за пиење. Како јавно претпријатие направиме околу 50 приклучоци и во целото село е оспособена вододовната линија, рече Бојаџиев.

Раководителот на Водовод и канализација во ЈП „Исар“ - Штип, Бранко Георгиев вели дека на изградбата на водоснабдителниот систем екипите работеле изминатите неколку месеци.

- Изведени се околу 1.400 метри црево со профил ФИ 63 и ФИ 50, а на линијата се приклучени домаќинствата, вели Георгиев.

Во штипското село Криви Дол живеат околу 30-тина жители пред се возрасни луѓе.