Штипско училиште ги забрани телефоните но и грицките и обоените сокови
Во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип веќе една недела важат нови правила со кои за 930 ученици се ограничува употребата на мобилни телефони, а од училишниот ден се исфрлени и чипсот, смоките и обоените сокови.
Мерките биле договорени со родителите уште пред крајот на минатата учебна година, а целта е учениците повеќе да се фокусираат на наставата, непосредното дружење и поздравите навики во исхраната.
Мобилен телефон можат да носат само учениците на кои навистина им е потребен, на пример поради организација на враќањето дома. Во таков случај телефонот треба да биде без интернет, исклучен и предаден на класниот раководител веднаш по пристигнувањето на училиште.
Новите правила се однесуваат и на храната и пијалаците. Учениците не смеат да носат чипс, смоки и обоени сокови, додека училиштето трипати неделно им обезбедува свежо овошје.
Во соработка со локални пекари е подготвено и мени со јогурт, печива и други оброци. Од пијалаци се дозволени вода, млеко и домашни сокови.
Директорот Дејан Здравков вели дека идејата е да се намали зависноста од електронските уреди и да се поттикне директната комуникација меѓу учениците.
Одлуката добила поддршка од Наставничкиот совет, Училишниот одбор и Советот на родители, а според раководството на училиштето, првите резултати од новиот режим веќе се забележуваат.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
