-->
-->
Штипските амбуланти полни со пациенти со вирози
-->
Во Штип не се регистрирани пациенти со грип, но здравствените амбуланти се полни со пациенти со симптоми на вирози.Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека имаат регистрирано 12 клинички непотврдени случаи со симптоми на грип, биле доставени и два материјали за да се утврди дали станува збор за грип, но резултатите, кои ги добиле покажуваат дека се негативни.
Инаку во Центарот за јавно здравје има вакцини против грип.
За само една недела регистрирани се вкупно 752 случаи на горни респираторни заболувања, од кои 200 се деца на возраст до шест години, потоа 216 на возраст од седум до 19 години, 250 пациенти се на возраст од 20 до 50 и 87 лица се на возраст од над 60 години. Додека за една седмица со долно респираторни заболувања има 215 пациенти.
Епидемиолот Алекасандар Србиновски од Центарот за јавно здравје во Штип забележува дека овие бројки се нормални за овој период од годината. Причината за појавата на визрозите се неадекватната исхрана и хигиената. Се апелира постојано миење на рацете и да нема поголемо собирање во групи, постојано да има провев на просториите во домот, институциите и училиштата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
