Штипскиот градоначалник ги посети најстарите жители на Штип

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска традиционално на првиот ден во новата година ги посети најстарите жители, барќата Наскови, кои заедно имаат 206 години.
Јорданов при посетата на Симеон и Ристо Наскови истакна дека е благодарен што двајцата браќа и во новата година ги примија претставниците на општината и медиумите, со желба за многу здравје и среќа.
-Прекрасно е чувството кога ќе се поразговара со семејствата на нашите највозрасни жители, а кои ни прераскажуваат за најстарите и највозрасните штипјани кои поминале многу предизвици, вели Јорданов.
Ристо Насков во февруари ќе наполни 101 година, се уште се движи низ дворот и градината, но со помош на бастун. Неговиот син Димче Насков вели дека дедо Ристо и оваа година крои планови да копа и произведува домати и пипер во градината.
- Новата година ја поминавме заедно со татко ми во домашна атмосфера, со сарма, со винце. Татко ми со нас седи до еден часот, вели Димче.

Неговиот постар брат Симеон не е активен, откако пред две години паднал додека копал во градината. Грижата за него ја има неговиот 72-годишен син Крум Насков, кој секојдневно го посетува, му носи храна и се грижи за него.
-Татко ми може да стане и да си земе од масата јадење и повторно да седне на креветот, меѓутоа нозете не го држат и повеќе е во лежечка состојба. Татко ми веќе не работи, вели Насков.
Овие двајца браќа сведоци биле на војни, но и на убавите работи кои се случвале во државата и во нивните семејства. Горди се на своите наследници, веќе имаат и пра-пра внуци.
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска ја посети и првата приватна гинеколошка болница во Штип, каде во новата година се роди живо и здраво женско бебе.
Ново на Сител
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
-

Во Струмица и Кичево не се дише, Скопје втор најзагаден град во Европа
-

Јавна расправа во Собрание: Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето
-

Унапредена дигитална алатка ќе ја следи примената на Стратегијата за реформи во јавната администрација
-

ДКСК ги повика градоначалниците да поднесат анкетен лист и покрај пробиениот рок
