Штипски средношколци од „Коле Нехтенин“ се вратија со награди од два натпревари

Штипскиот регионален училишен центар СОУ „Коле Нехтенин“ се подготвува да биде домаќин на државниот натпревар „Лидер на струка“, во кој ќе учествуваат учениците од сите угостителски струки во земјава. Наставникот, Горан Антониевски на денешната прес-конференција истакна дека натпреварот е во организација на Министерството за образование, а ќе се одржи по петти пат во декември. Во меѓувреме учениците од струката готвачи од два меѓународни натревари, што се одржаа во Босна и Херцеговина и во Струмица се вратија со бронзени и златни медалји.
-На натреварот во Босна и Хецеговина учествуваа ученици од земјите од Балканот. Најдобро ја претставивме Република Македонија, таму го освоивме третото место и бронзен медал, вели Антониевски.
Додека на меѓународниот натпревар во Струмица во трите дисциплини во кои учествувале добиле златен медал. Учениците се задоволни што нивното училиште, стои зад нив, а резултатите, кои ги покажуваат се резултат на секојдневната практична настава, која ја имаат во угостителските кабинети.
Ново на Сител
-

Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка: Уапсен насилник во Кисела Вода
-

Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа
-

Најстудено утрово во Лазарополе
-

ВМРО - ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, за колку СДСМ го продаде името?
-

Кина преговара со Иран за безбедно минување на нејзините бродови низ Ормускиот теснец
-

ИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат
-

УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца
