Македонија
14. July 2015 - 17:09

Штипски адвокат иста кола продал на три лица и повторно си ја присвоил

Штипски адвокат заработи три кривични пријави зашто своето возило марка голф го продал на тројца сограѓани и на крајот си  го задржал за себе. 42 годишниот адвокат Н.Н. лани во два наврати со различни лица склучил купопродажнни договори за автомобилот, но не ги променил податоците во сообраќајната дозвола. Во мај годинава го продал на трето лице и ја запазил правната процедура, но веќе следниот месец му го побарал назад.

-Од страна на пријавениот му било побарано, за услуга, со возилото да патува и истиот ден да му го врати, со што пријавениот го довел во заблуда оштетениот и на 09.06.2015 та година го зел и не го вратил возилото- изјави Ангелчо Стојановски, главен инспектор во одделот за превенција при СВР-Штип

Со овие негови незаконски дејанија тројцата штипјани ги оштетил за 1,3 милиони денари. Адвокатот измамник во моментот не е достапен на полицијата, а истрагата и потрагата е во тек.