Штипјанка заведена како почината во јануари не може да докаже дека е жива за да земе пензија
Два месеца, штипјанката Драгица Панова пред Фондот за ПИОМ не може да докаже дека е жива. Нејзината бизарна приказна, започнува со смртта на нејзиниот сопруг, на почетокот на годинава.
„Мојот сопруг почина на 4 јануари, и јас сум заведена како почината на 4 јануари, а по кој основ сум заведена како мртва не знам. Од јануари наваму јас немам добиено пензија. Никој не сака да ми објасни што еп проблемот“, изјави Драгица за ТВ Стар.
Од тој момент таа оди од врата до врата со намера да докаже дека е жива и да обезбеди редовен прием на пензијата, но до денеска сите обиди и се неуспешни.
„Во месец март ги исправив документите, и рекоа дека ќе биде. Но отидов да земам пензија и ми рекоа дека нема, истото го рекоа и во април“, вели Драгица.
Во меѓувреме таа живее скромно и за пари се снаоѓа на различни начини во очекување администрацијата да го реши нејзиниот случај.
„Позајмував пари и сега како да ги вратам? Кажете ми што да правам јас без пензија? Ова што се случува е срамота, од жив да те направат умрен и да те остават без денар. Пополнив потврда за живот, рекоа ќе се среди. Кога ќе се среди?“, прашува Драгица.
Од друга страна од Фондот во врска со случајот изјавија:
„На 24 март испративме известување до Одделението за исплата на пензии во Скопје, од каде повратно побараа документ за лична идентификација и оформен документ за живот, но лицето Драгица Панова до сега не се има обратено кај референтот за права од прв степен да достави лична карта. Доколку се јави, ние ќе го оформиме предметот и ќе го доставиме до Скопје со што нејзиниот проблем се решава“, велат од Фондот.
Ново на Сител
-
Охрид има потенцијал за спелеолошки туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Тошковски нема да си даде оставка како што побараа денеска од СДСМ по двојното убиство, па самоубиство во Велес
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност