Македонија
6. July 2023 - 11:57

Штип: Приведени две лица, пронајдена дрога

Во Штип полициски службеници од Полициска станица Штип вчера од слобода ги лишиле О.М.(45) од Штип и И.Д.(31) од Велес.

При претрес во просториите каде што престојувале, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, била пронајдена и одземена прашкаста материја.

- Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, додаваат од МВР.