Штип почнува со одбележувањето на празникот Свети Никола
Штип од вечерва почнува со чествувањето на празникот Свети Никола, кој е патрон на градот. Советникот за култура во Општина Штип, Кирил Панајотов денеска истакна дека програмата за одбележување на празникот почнува вечерва со концерт на Градскиот хор во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ со почеток во 19 часот.
-Главниот настан ќе се случи утре 18 декември, со почеток во 17 часот со празничната вечерна литургија во соборниот храм „Свети Никола“, во чии рамки околу 18 часот ќе се одржи Свечената академија, каде што традиционално градоначалникот на Општина Штип ќе ги врачи признанијата и орденот Свети Никола, вели Панајотов.
Во моментов не се открива добитникот на орденот, граѓаните на Штип ќе го дознаат на Свечената академија. Инаку утревечер ќе се промовира и книгата „Житија и чудеса на Свети Јован Битолски-Шангајски чудотворец“ и химната на манастирот Свети Гарвил Лесновски во Лесново.
-На 19 декември, среда програмата продолжува со светата архиерјска литургија во соборниот храм „Свети Никола“, вели Панајотов.
Се очекува оваа година со неа да чиноначлствува поглаварот на МПЦ-ОА господин господин Стефан, по што ќе има и литија, а на Градскиот плоштад „Слобода“ ќе се дели славскиот колач.
Ново на Сител
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп