Штип ќе се збратими со српската општина Параќин
Штип и српскиот град Параќин ќе се збратимат. За ова денеска во Штип разговараа штипскиот градоначалник Илчо Захариев и претседателот на општина Параќин Саша Пауновиќ.

Градоначалникот Захариев информира дека подолго време се одвиваат разговорите за збратимување, а денешната е и прва официјална посета и средба со градоначалникот на Параќин и неговата делегација.
- Најдовме можности за соработка на повеќе полиња, најнапред на економски план, на образовен, културен и спортски. Параќин е град со долга традиција, со одлична индустрија и мислам дека таа соработка би била корисна за граѓаните на Штип, но и за граѓаните на Параќин, рече Захариев.
Претседателот на општина Параќин Саша Пауновиќ истакна дека двете општини, а и двете држави ги поврзуваат заедничката историја и културата.
- Очекувам дека соработката ќе биде успешна и наскоро да го потпишеме документот за збратимување. Следи процедура која е согласно законите на двете земји. Ќе соработуваме на сите полиња, меѓу кои економија, култура, образование и спорт. На поврзување на луѓето, а за нас се важни младите, да се видат и запознаат, рече Пауновиќ. Додаде дека општина Параќин има околу 54.000 жители, од кои 25.000 живеат во градот, а останатите во развиените села. Оваа општина има развиено земјоделство, за што и овозможуваат и природните ресурси, но има и индустрија.
Српската делегација од Параќин денеска ги посети културно-историските споменици, но и фабрики кои се во индустриските зони во Штип. Првата соработка меѓу Штип и Параќин се очекува да биде на културен план.
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
