Штип ќе добие покриен Градски пазар
Штип за три месеци ќе добие покриен Градски пазар. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека денеска е завршен тендерот за изградба на 14 дуќани и за покривање на пазарот. Тендерот го добила фирма од струмичкиот регион, која дала најдобра понуда, а проектот, кој се очекува да биде реализиран за три месеци, ќе чини околу 10 милиони денари.
Граѓаните на Штип наредната година треба да очекуваат и реконструирани водоводни и канализациони мрежи.
-Во 2016 година приоритет за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа ќе ни биде дел од улицата „Вардарска“, приклучувањето на канализационата мрежата ќе продолжи во приградската населба Карорман, таму ни останаа да приклучиме неколку домаќинства. На сопствен трошок ќе ги реконструираме и водоводната мрежа на улиците „Скоевска“, „25 Мај“ и „Велјко Влаховиќ“ во населбата Пребег. Во градската бања Кежовица ќе се изврши замена и реконструкција на тушевите, вели Бојаџиев.
Штипски „Исар“ наредната година во делот на комуналната хигиена планира да набави два нови трактори, камион за смет, а исто така и нова машина за градската депонија.
Ново на Сител
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај