Штип бара пари за реализација на водоводна линија два

Изградба на водоводна линија два што чини околу 1,2 милиони евра е проектот со кој општина Штип аплицираше за добивање на пари, од средствата што беа наменети за изградба на Карго аеродромот. Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски истакна дека овој голем капитален проект за градот Штип ќе значи нормално водоснабдување на населбите Пребег и Ново Село, но и на индустриските зони.
- Знаеме дека општина Штип развојот го гледа во тој дел од градот и додека немаме средства за изградба на инфраструктура и додека не ја изградиме ние не можеме да урбанизираме или да понудиме продажба на локации таму, преку кои ќе го развиваме и шириме нашиот град. Првиот чекор е изградба на оваа линија два со свој резервоар што ќе биде од витално значење за идниот развој на градот за идните 10 или 15 години, изјави Бочварски.
Тој истакна дека очекува општината да ги добие средствата за изградба на водоводната линија два, која ќе овозможи ширење на градот кон Овче Поле.
Општина Штип во текот на годинава ќе почне и со изградба на нова детска градинка во населбата Сењак, 45 отсто од средствата ги обезбедува Бирото за рамномерен регионалем развој, а останите се од буџетот на општина Штип. Бочварски забележува дека општината од страна на Владата има добиено и финансиска поддршка за средување на целокупната документација за проектот за брана на река Отиња.
- Кога ќе биде готов проектот за браната на река Отиња ќе побараме и поддршка и ќе ја добиеме поддршката од Владата за изградба на овој капитален проект, посочи Бочварски.
Во текот на наредниот период ќе се прави и нов Детален урбанистички план за браната на Отиња, а општината ќе биде должна да организира и јавни расправи за граѓаните.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
