Штети кај овошките од ниските температури во Кумановско

Снегот е добредојден за есенските посеви, поволно влијае врз влажноста на почвата и ги заштитува од измрзнување, но, како што велат од Здружението на земјоделци од Куманово, штета предизвикаа ниските температури, кај овошките и лозовите насади.
- Од крајот на завршувањето на есенската сеидба до јануари имаше долг период на суша во Кумановско, немаше врнежи, па затоа снегот е поволен за есенските посеви, изјави претседателот на здружението Момчило Трајковски.
Во Кумановско се посеани над 80 отсто од планираните површини. Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане за есенска сеидба беа предвидени 21.150 хектари од кои 11.000 со пченица, 6.850 со јачмен, 300 со рж и 1.250 со фуражни култури.
Под овошје, пак, се 80 хектари. Од здружението информираат дека се уште нема проценка колкави се штетите од ниските температури и дека допрва ќе се утврдуваат. - Кај овошките има одредени штети. Пријавуваат оние кои одгледуваат, но проценката ќе покаже колкави се, нагласи Трајковски.
Во здружението се регистрирани околу 3.000 земјоделци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
