-->
-->
Штербик ја однесе Шпанија до големото финале
-->
Ракометарите на Шпанија се првите финалисти на Европското првенство што се одржува во Хрватска. Во првото полуфинале Шпанија со 27:23 (15:9) ја совлада Фрнација. Ова за Шпанија ќе биде петто финале на европските првенства, а уште немаат златен медал. Шпанските ракометари со пласманот во финалето во најмала рака го повторија резултатот од претходното првенство.Во првите 20-тина минути дуелот беше изедначен, а потоа „црвената фурија“ направи серија од 7-1. Во тие моменти голманот на Шпанија и на Вардар, Арпад Штербик одбрани два удари од седум метри (бранеше само пенали и имаше три одбрани).
Шпанија во 45.минута имаше и највисоки +9 (23:14), но потоа Франција направи серија серија од 6-0. Низата на противникот ја прекина уште еден играч на Вардар, Жоан Кањелас, кој постигна гол и неговата селекција го врати ритамот за конечна победа. Најефикасни кај Шпанија беа: Феран Соле со 7 и Раул Ентрериос со 6 голови, додека кај Франција Седрик Сораиндо постигна 6.
Во второто полуфинале од 20:30 часот ќе играат Данска и Шведска.
Во дуелот за 5.место попладнево Хрватска ја победи Чешка со 28:27.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
-

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува со работа на најсложениот дел
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
