Свет
9. November 2016 - 12:46

Штајнмаер: Германците не ја посакуваа победата на Трамп

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави денеска дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД не е она што повеќето Германци го посакувале.

Тој оцени дека надворешната политика на Вашингтон повеќе нема да биде предвидлива, како што беше досега и потсети дека Трамп за време на кампањата изнел серија критики на сметка на Европа и Германија.

- Резултатите од изборите не смеат да се потценат, без оглед на тоа што не се поклопуваат со желбите на повеќето Германци. Но ние ќе ги прифатиме, рече Штајнмаер. 

Ново на Сител