Штајнмаер: Европа пред можеби најсериозната закана за мирот

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер изјави дека Европа се наоѓа пред можеби најсериозната закана за мирот и безбедноста од завршувањето на Студената војна.
Германија од 1 јануари го презеде претседавањето со ОБСЕ, а Штајнмаер во интервју за хрватската агенција Хина укажува дека состојбата во Украина, повторното воспоставување на безбедноста и враќањето на загубената доверба во Европа, како и човековите праава, се приоритет на германското претседавање со оваа организација.
Според него развојот на настаните во Украина од 2014 година покажува колку ОБСЕ е наопходна за Европа.
- Без посебна набљудувачка мисија не би напредувале толку во деескалацијата и повлекувањето на вооружувањето и сега мораме брзо да донесеме одлука за продолжување на мандатот и за трошоците на мисијата со цел набљудувачите да можат и натаму да ја работат својата важна работа, рече Штајнмаер.
Тој нагласи дека општопознато мислење е дека каков бил успех во рамки на мировниот процес од Минск „не би бил замислив без ОБСЕ“, што организацијата ја врати назад на сцената на меѓународната политика.
- Уште сега можеме да кажеме дека досегашниот мандат на мисијата се покажал како добар, изјави министерот и потсети на нерешените европски судири во Придњестровието, Нагорно Карабах и јужен Кавказ.
- Искрено кажано не сакам да се помирам со тоа дека тие судири, со одреден фатализам се нарекуваат замрзнати. Секоја година луѓето патат, бидејќи развојот во погодените региони стагнира. Со мали, но со конкретни чекори сакаме да го стабилизраме примирјето, рече шефот на германската дипломатија, додавајќи дека за повторното воспоставување безбедност на континентот клучно е да се врати довербата во самата Европа.
- Многу доверба е загубена во Европа изминатите години. Повторната изградба на таа доверба е тешка, но таа нема алтернатива, порача Штајнмаер.
Ново на Сител
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
