Штајнмаер бара бегалците да се откажат од омразата кон Евреите
Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер побара сите бегалци кои нашле прибежиште во Германија да го отфрлат антисемитизмот, јави допсиникот на МИА од Берлин.
Говорејќи на конференција во Берлин, Штајнмаер им порача на над 1,1-те милиони бегалци кои во последниве 12 месеци пристигнаа во Германија, да прифатат „дека антисемитизмот е против германскиот Устав, против европската цивилизација - против се во што веруваме и што научивме“.
Паралелно со приемот на бегалците, Германија се соочува со згоемено ниво на национализам кај групи кои ја отфрлаат историската одговорност од времето на нацистичка Германија.
На растечкиот национализам по успехот на антиимигрантската партија Алтернатива за германија (АФД) на покраинските избори во неделата, реагираше и Централниот совет на германските Евреи кој предупреди на опасноста од радикализирање на состојбите во земјата.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива