-->
-->
Шпигел: Роналдо силувал девојка, Португалецот демантира
-->

Преставниците на Кристијано Роналдо се огласија со демант, по повод обвинувањата, дека Португалецот во 2009 година силовал девојка.
Германскиот весник „Шпигл“, ја пренесе веста дека еден од надобрите фудбалери во светот, на неименувана девојка и платил 370.000 долари, за таа да не го обвини за силување, кое се случило во Лас Вегас.
„Тоа е новинарска фикција. Овие обвинувања се срамни. Роналдо ќе стори се за да го заштити своето име. Неводната жртва одбила да излезе во јавноста и потврди дали обвинувањата се вистински. Целата приказна е поткрепена со документи лија автентичност не е потврдена“, се наведува во соопштението.
„Наводно, Роналдо на 13.јуни 2009 година ја силувал девојката во својот апартман во Лас Вегас, а потоа се договорил да и плати 370.000 долари за таа да не го пријави случајот.
Според документите на „Фудбал Ликс“, Роналдо се спогодил со жртвата на 12.јануари 2010 година, а договорот го потпишал неговиот адвокат Карло Осорио де Кастро.
Девојката се согласила на спогодбата под еден услов, Роналдо да го прочита нејзиното писмо на шест страници, во кое таа опишала низ што поминувала и колку биле повредени нејзините чувства.
Девојлата која во тоа време имала околу 25 години, истиот ден нападот го пријавила во полиција, но не го именувала Роналдо туку само навела дека станува збор за јавна личност и спортист.
По договорот со Португалецот таа решила да ја повлече пријавата, а на неговите адвокати им доставила список со имиња на луѓе на кои им го открила случајот и писмено се обврзала дека ќе ги уништи сите докази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Во име на Владата имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност
-

Новиот Ирански врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, вети одмазда за жртвите од војната
-

Три малолетни девојчиња нападнати од четири женски лица во Аеродром
-

Општина Струга не може да го продаде „аудито“ на Мерко од 67.000 евра поради стар долг
-

Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-

МНРиНТ: Досега реализирани четири летови за евакуација на граѓани од Блискиот Исток, превезени вкупно 458 патници
-

Семејството ја пријавило за исчезната, познат идентитетот на пронајдената жена во Вардар
-

15-годишен чирак со остар предмет го нападнал синот на газдата на берберница во Арачиново
