„Шпигел“: Грција станува центар на кримучарите на луѓе во Европа
- Грција се повеќе станува центар на криминалните активности на криумчарите на луѓе во Европа, имајќи предвид дека реонот на Егејското Море е под засилен мигрантски притисок од страна на четирите милиони регистрирани бегалци во соседна Турција, наведува магазинот „Шпигел“, повикуајќи се на таен извештај на германската полиција.
Во документот се посочува дека во текот на минатата година од Турција на грчките острови во Егејското Море со помош на организираната мрежа на шверцерите на луѓе пристигнале речиси 30.000 мигранти.
Според весникот, зголемениот прилив на мигранти во извесна мерка се должи и на потиснувањето на џихадистичката група Исламска држава од сирискиот град Рака.
- Кримучарите на луѓе на големо дејствуваат на грчките острови, каде центрите за прием на мигранти се преполни со бегалци, наведува Шпигел.
Поради пренатрупаноста на приемните центри на островите, грчките власти се почесто ги пренесуваат бегалците во кампови во континенталниот дел на Грција, што, според „Шпигел“, им ја олеснува работата на кримучарите за илегален транспорт на мигрантите кон Европа,
По затварањето на балканската мигрантска рута, шверцерите на луѓе се почесто ги транспортираат бегалците сокриени во камиони, автомобили или возови, а зачестена е и употребата на фалсификувани документи обезбедени со кои бегалците се обидуваат да стигнат до некоја од западноевропските земји со летовите на нискобуџетните авиокомпании од Грција, се наведува во извештајот на германската полиција чии делови пренесува магазинот „Шпигел“
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
