-->
-->
Шпанските клубови не сакаат финале без публика
-->

Шпанската фудбалска федерација го поддржа одложувањето на финалето на Кралскиот куп помеѓу двата баскиски ривали Атлетик Билбао и Реал Сосиедад до период во кој ќе биде возможно да се има фанови на трибините.
Претходно, денеска, двата клуба објавија заедничко соопштение во кое изразуваат желба да го одложат дуелот бидејќи „фудбалот се игра за навивачите“, а сега добија поддршка и од федерацијата, која порача дека има договор за одложување во „одреден период во 2020 или 2021 година, пред крајот на следната сезона“.
Дуелот меѓу Атлетик и Сосиедад претставува прво баскиско финале во Копа дел реј, и е шанса двата клуба да освојат некаква титула по пауза од повеќе од 30 години.
Доколку финалето не се одигра оваа сезона, УЕФА ќе го додели последното место за Лига Европа на седмопласираниот тим во Ла лига, каде што во моментов е Валенсија, што значи дека Атлетик најверојатно ќе остане без Европа.
„Подобро да играм финале на Копа дел реј со фановите, отколку европски купови“, изјави фудбалерот од средниот ред на Атлетик, Ибаи Гомез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
