-->
-->
Шпанскиот јавен обвинител почина во болница во Аргентина
-->

Јавниот обвинител на Шпанија, Хосе Мануел Маза почина во Аргентина, соопшти синоќа Владата во Мадрид.
Премиерот Маријано Рахој, од иметото на својот кабинет, изрази на Твитер сочувство кон роднините, пријателите и колегите на Маза.
Медиумите објавија дека 66-годишниот Маза починал вчера в болница во Буенос Аирес. Тој се лекувал од инфекција, и засега не се соопштува за каква точно инфекција станува збор.
Маза ја водеше истрагата против сменетите лидери на регионалната влада на Каталонија кои беа обвинети за бунт, измами и злоупотреба на функцијата. Истрагата почна по референдумот за независност на областа, кој е сметан за незаконски од страна на Мадрид, и откако на 27 октомври каталонските пратеници прогласија независност на Каталонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
