Шпански научници: Лек против рак успешно лекува заболени од коронавирус
Шпанската фармацевтска компанија „ФармаМар“ соопшти дека клиничкото испитување на лекот против рак „аплидин“ за лекување на возрасни пациенти со Ковид-19 било успешно и дека сега има намера да ја започне третата фаза од испитувањето на лекот.
Компанијата изјави дека има значително намалување на вирусните инфекции и оптоварувањето на Ц-реактивниот протеин (ЦРП) кај пациентите и дека 80,7 проценти од пациентите се отпуштени пред 15-тиот ден од хоспитализацијата, а 38,2% пред осмиот ден, објави „Ројтерс“.
Со овие податоци, компанијата ќе започне разговори со регулаторните агенции за дефинирање на следната клучна студија на третата фаза за „плитидепсин“ (аплидин) кај пациенти со Ковид-19 на кои им е потребна хоспитализација, се вели во соопштението на „ФармаМар“.
Во меѓувреме, Шпанската агенција за лекови и здравствени производи и даде зелено светло на компанијата да го зголеми бројот на пациенти третирани со „аплидин“ во болниците, според резултатите добиени од првата група на пациенти.
„Аплидинот“ е одобрен во Австралија за третман на мултипен миелом.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
