Шпански националисти ја нападнаа главната џамија во Гранада
Главната џамија во Гранада вчера беше нападната од група крајнодесничарски млади луѓе, кои фрлаа димни бомби и скандираа ксенофобични и антиисламски слогани, соопштија шпанските медиуми, пренесува БТА.
Во тој момент во храмот имало неколку стотици луѓе.
„Оној кој ја финансирал оваа џамија, финансирал тероризам. Зошто властите молчат?" - беше напишано на знаме, што го носеле младите.
Полицијата пристигна 15 минути по почетокот на акцијата и демонстрантите се разбегаа. Натписи со закани против муслимани се појавија на фасадите на џамиите во Логронио (автономна област Риоха), во каталонскиот град Монтбланк и во Севиља (автономна област Андалузија).
Во меѓувреме, шпанските муслимани организираат акции за оддавање почит на жртвите на нападите. Вчера стотици се собраа во Пуерта дел Сол во Мадрид. Слични настани беа организирани и во други градови.
Шпанската исламска комисија го осуди насилството веднаш по нападите. Околу сто муслимански општини во Каталонија, за денеска во Барселона, планираат голема манифестација против тероризмот.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи
-
Ново задолжување од 35 милиони евра