Свет
18. April 2022 - 8:29

Шпанската полиција заплени три тони кокаин од рибарски брод - Дрогата била скриена во резервоарот за гориво

Шпанската полиција заплени околу три тони кокаин од рибарски брод, јужно од Канарските Острови, јави агенцијата Анадолија.

Во соопштението на полицијата се наведува дека уапсени се пет членови на екипажот на бродот долг 20 метри, АКТ 1, а дрогата била во резервоарот за гориво. Се верува дека дрогата доаѓа од Јужна Америка.

Од полицијата нагласуваат дека фокусот е ставен на сузбивање на таканаречената „афричка рута“ за јужноамерикански шверцери, кои ја префрлаат дрогата на рибарски бродови, пред да ја прошверцуваат во Европа.