Шпанија не се откажува од постапката против Пуџдемон
Врховниот суд на Шпанија ја одби молбата на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Кралес Пуџдемон и на неговиот некогашен советник Тони Комин за укинување на наредбата за нивно апсење во случај да дојдат на шпанска територија.
– Нема основа за укинување на националните наредби за апсење и приведување на Карлес Пуџдемон и Антонио Комин, се наведува во решението на Судот, потпишано од судијата Пабло Љарена.
Пуџдемон и Комин, кои во моментов се наоѓаат во егзил во Белгија, на изборите за Европскиот парламент на 26 мај беа избрани за европратеници како кандидати на коалицијата Слободни за Европа. Согласно процедурата, за да можат да го добијат статусот на европратеници, тие треба да дојдат во Мадрид и лично да положат заклетва на верност на шпанскиот Устав, но поради наредбите за нивно апсење, тие би биле лишени од слобода при нивното стапнување на територија на Шпанија.
Двајцата каталонски сепаратистички лидери покрај укинување на збраната за нивно апсење, бараат и да биде прекратена и судската постапка против нив со образложение дека имаат пратенички имунитет.
Меѓутоа, судијата Љарена заклучи дека нивното барање не е во согласност со протоколот за привилегии и имунитет на ЕУ, бидејќи за да ги уживаат тие права мораат прво да дојадт во Мадрид и да положат заклетва за стапување на функцијата европратеник.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден