Шпанија ги поништи титулите доделени од диктаторот Франциско Франко
Шпанија денеска со нов Закон ги поништи аристократските титули што диктаторот Франциско Франко и неговите наследници им ги доделија на лојалните команданти и членови на семејствата.
Со мерката „Демократско сеќавање“ што стапи на сила денеска се укинати 33 благороднички титули, доделени на двајца од внуците на Франко, како и на потомците на неколку негови генерали, министри и други високи функционери.
Франко владееше со Шпанија од 1939 до 1975 година, по воен удар и тригодишна граѓанска војна што однесе 500 илјади животи.
Иако повеќето титули беа доделени од самиот Франко како награда за лојалност, со новиот закон се опфатени и пет личности на кои благороднички титули им додели неговиот наследник, поранешниот крал Хуан Карлос Први и тоа во првиот месец од неговото владеење.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница