-->
-->
Шпанците за првпат ќе играат и за Нова Година
-->

Фудбалерите кои настапуваат во елитната шпанска лига оваа година ќе останат без традиционалниот новогодишен одмор. Имено, раководството на La Liga одлучило да ги прифати сугестиите на селекторот Дел Боске и направи измени во натпреварувачкиот календар.
Според новиот календар сезоната 2015/2016 ќе заврши на 15-ти мај, а не како што првично беше планирано на 22-ри мај. Дел Боске сугерираше дека нема да има доволно време за подготовки на репрезентацијата бидејќи Европското првенство ќе започне на 10-ти јуни.
Новиот календар носи натпревари и на 31-ви декември, поточно 17. коло во La Liga ќе се игра на 30-ти и 31-ви декември што претходно никогаш не се случило.
Натпреварувачкиот календар е сменет минатата недела, а една од причините за промената е и настапот на Барселона на Светското првенство за клубови кое традиционално се игра во декември.
Исто така, La Liga го промени и терминот за одигрувањето на финалниот меч во Купот на Кралот, овој натпревар ќе се игра на 21-ви мај, а не на 28-ми мај како што првично беше планирано.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
