Шпан е против стигматизацијата на граѓаните од жариштата со коронавирусот
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска предупреди дека граѓаните од окрузите Гитерло и Варендорф не смеат да се стигматизираат затоа што се нови жаришта на коорнавирусот во Германија, откако заразата влезе во објектите на меснопреработувачкиот концерн „Тенис“.
Граѓаните со регистерски таблички од погодените области се соочија со навреди или намерно оштетување на нивните возила, изјави Шпан за германските медиуми.
-Овој вид на стигматизација е влошена. Вирусот може во секој момент да го погоди било кој регион, истакна тој.
Некои провинции веќе не сакаат да примаат туристи од погодените региони, поради што Шпан ги советуваше граѓаните од овие области доброволно да се тестираат.
-Кој има„ свеж “тест и нема вирус може да патува, додаде Шпан.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите